Совршен празничен подарок за вашите миленици

16 декември 2016

Ако во вашето семејство имате и домашен миленик, сигурно празниците ќе ви бидат уште повесели, па во контекст на ова веројатно размислувате помеѓу сите подароци под елка, да издвоите еден и за вашето милениче.

Ако е во прашање куче, тогаш имаме предлог за вас.

Специјализираниот хрватски бренд за миленици, Wndrdog, ја претстави својата прва колекција дизајнерски маички наменета за кучиња. И веќе претпоставувате дека се работи за исклучително фраерска, топла и симпатична колекција, идеална за претстојниот празничен период.

Колекцијата е насловена „True colors" и се состои од маички со интересни натписи, украсени со „туфки", токму во духот на празниците.

И што е уште попривлечно е тоа што во рамките на оваа колекција е дизајнирана и лимитирана линија маички за нивните сопственици.

Инаку се работи за општествено одговорен бренд кој го поддржува вдомувањето и совесното чување на милениците, а притоа помага и при промоцијата на солидарноста во однос на милениците и позитивните општествени промени.

Објавено:
16 декември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
252 пати