Совршени комбинации: Новото издание на класичниот црн капут

10 ноември 2020

Кога бираме сигурна варијанта за да го заокружиме нашиот есенско-зимски имиџ, најчесто го бираме елегантниот црн капут што важи за безвременска инвестиција.

И токму поради тоа што е најчест избор, секогаш сме во потрага по нови идеи каако да му дадеме свежина на секој изглед што го вклучува црниот капут.

Благодарение на неговата елеганција и можност за лесна трансформација во различен спектар од комбинации, овој модел на капут е идеален за комбинирање.

Ретко кога не се совпаѓа во некој слоевит аутфит, па затоа секогаш може да го имаме предвид кога немаме друга идеја како да ја заокружиме целината.

Потребен е само мал мотивирачки тригер што ќе ви отвори безброј идеи како црниот капут да го прилагодите во различни стилски изданија и за различни пригоди.

Носете го со ремен околу струк, со дебели и топли шалови, облечете го врз блејзер со дезен што привлекува внимание, со макси или мини фустан, а никогаш не заборавајте и на црно-белите комбинации, па спојте го со бел кошула-фустан или вело плетиво. Доволно инспирација?

Објавено:
10 ноември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
732 пати
Тагови: 
црн капут