Создадете ја вашата сопствена егзотична модна оаза

20 јуни 2014

Флората и фауната се непресушна инспирација посебно од создавањето на пролет-лето колекциите. Речиси и да не постои колекција која не вклучува барем еден ваков изглед на писта од кој главното внимание го имаат тропските егзотични принтови. Во однос на гардеробата првиот синоним за летни стајлинзи се токму цветните принтови, а од големо изобилство на парчиња со ваков изглед, овој период  дифинитивно најмаркантни се оние со необични тропски цветови и дрвја како и птици што живеат во тие предели. Кога ќе  се направи  сублимат од претставените колекции пролет-лето за 2014, јасно е дека е создаден мултиплициран тренд  кој сигурно ќе доминира на подолги временски стази.

Hermes Hermes

 

Оваа топла сезона дизајнерите ни укажаа дека тропскиот принт не подразбира и силни колорни нијанси, а оттука во продолжение издвојуваме покрај такви, туку и изгледи од кои ќе видите трпоски принт во земјени и ладни бои. Најбрз начин да се чувствувате како да сте на одмор на бујните Кариби, е да изберете ваква комбинација од која ќе оставите дојам  дека во полн ек го празнувате летото и уживате во него токму кога тоа е на прагот од месец  јуни.

Објавено:
20 јуни 2014
Категорија: 
Тренд