Спој на две тенденции: металик плетива

18 декември 2018

Во пресрет на празниците, додаваме уште малку новогодишен шарм во нашиот секојдневен изглед.
Станува збор за популарно парче кое спојува две тенденции – плетиво во металик нијанси.

Плетивата се неизбежни секоја зимска сезона, а оваа нивниот дизајн е надополнет со широка палета на металик нијанси: од интензивни бои до сребрени и златни тонови.

Интересно е што ова парче може да го комбинирате во вашиот секојдневен изглед, со џинс, панталони или миди здолниште, но исто така се ефективен избор и за вечерни излегувања или коктел забави, па во таков случај може да го споите со мини здолниште или на преклоп, со високи чизми или пак со елегантни салонки.

 

Објавено:
18 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
488 пати
Тагови: 
плетива тренд