Стариот холивудски гламур пресликан во модерна макси тоалета од Елена Лука

28 мај 2020

Елеганцијата и безвременоста имаат своја дефиниција преку модниот дизајн.

За нив зборува едно беспрекорно парче женственост што го носи дизајнерскиот потпис на модниот бренд Елена Лука.

Ако стариот холивудски гламур има своја реплика во современиот дизајн, тоа би изгледало вака...


Макси тоалета во асиметричен крој што говори со јазикот на врвната уметност, карактерност и автентичност препознатливи за Елена Лука.

Изборот на префинет, луксузен материјал, со суптилен сјај, го дава беспрекорниот резултат.
Линијата ја следи силуетата, а тенките прерамки префрлени на едното рамо се детаљ со кој се заокружува совршената целина.

„Секогаш е предизвик безвременската елеганција да ја прикажете во нова, уникатна верзија. Секој дизајн на Елена Лука носи своја ексклузивност, а тоа бара визија, идеја, многу работа и посветено време. А кога се работи по тие принципи, резултатот неминовно е успешен", вели г-ѓа Елена Лука креативен директор, сопственик и водечки дизајнер на брендот.г-ѓа Елена Лука креативен директор, сопственик и водечки дизајнер на брендот.

 

Од 2008 година Елена Лука го гради својот идентитет на врвен и најголем моден бренд во нашата земја, кој ги постави на највисоко ниво стандардите во модата. Следејќи ги своите водечки постулати на беспрекорен и луксузен дизајн, нослива уметност и авангарден пристап во креирањето, Елена Лука се профилираше како светски, а наш бренд што ги диктира тековите во модниот свет кај нас.

Закажете го Вашиот приватен, ВИП термин доколку сакате тимот на Елена Лука да изработи за Вас уникат по мерка, во комплетно безбедна средина со максимално обезбедени услови и совршено пријатен амбиент во кој тимот целосно ви е посветен Вам.

Објавено:
28 мај 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
713 пати