Старките не си заминуваат ниту оваа есен

23 септември 2022

Кога станува збор за чевли кои цврсто го држат статусот на бесмртна класика, дефинитивно мора да ги споменеме и старките.

Chuck Taylor All Star е несомнено една од најпознатите патики во светот препознаена по својата непогрешлива силуета и културна автентичност.

Фото: Pinterest

Класичните бои, материјалите и квалитетниот вулканизиран гумен ѓон кои го карактеризираат овој модел на платнена патика, ја прават една од најносените низ годините. Со право старките претставуваат еден вид славење на самоизразувањето и личниот стил.

Едноставниот дизајн и версатилноста ги прават старките лесни за стилизирање со гардероба типична за речиси секоја сезона доколку временските услови го дозволуваат тоа. Присутни се во пролетните денови, жешките летни месеци, а не си заминуваат ни оваа есен.

Во текот на есенската сезона, старките се одличен додаток на модните комбинации кои вклучуваат лелеави фустани, фармерки и блејзери. Овие ретро патики, популарни со децении, се одат со речиси сè во вашиот плакар, без разлика на стилот.

Фото: Pinterest

А бидејќи речиси сите ги имаме во нашиот плакар, во прилог ќе ви понудиме неколку инспиративни предлози за тоа како да ги стилизирате оваа есен.

Фото: Pinterest

 

 

Објавено:
23 септември 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.513 пати