Стилизирајте тексас здолниште на различни начини

6 август 2015

Безвременскиот џинс е секогаш присутен во модните трендови, независно за која сезона се работи. Ова лето продолжува да доминира бохо стилот од 70-тите години, што честопати вклучува и тексас парчиња во комплетната стилска слика.

Особено актуелни периодов се тексасните здолништа и тоа во различни варијанти на должини, форми, нијанси и принтови. Како пример ќе ги посочиме мини здолништата со едноредно закопчување, макси фустаните, здолништата на преклоп и оние со преден шлиц.

Во продолжение ве инспирираме со неколку различни комбинации што вклучуваат тексасно здолниште.

Објавено:
6 август 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.435 пати