Стилска ски опрема за комплетна зимска идила

12 ноември 2013

Спремни дочекајте го првиот снег и набавете си пред се квалитетна, но истовремено и тренди ски опрема за комплетно уживање во сезонските „бели“ спортови. Fashionel за вас направи селекција од најактуелните женски трендови за оваа сезона кои се однесуваат на спортската опрема за снег.

Женствени принтови

Со оглед на тоа дека принтовите се актуелни во секој домен на модниот дизајн, не е изоставена ниту ски опремата кај која преовладуваат цветните и животинските принтови.

 

Сивата се враќа на белите пространства

Една од најактуелните бои во изборот на ски опрема за оваа зима ќе биде токму сивата. Во различни варијации и нијанси, токму оваа боја ќе доминира од богатата палета на бои.

 

Интересни кроеви на јакните

Колку поневообичаени толку повпечатливи. Кроевите оваа година варираат од наједноставни и класични до предимензионирани, широки, екстра удобни и такви на преклоп.

 

 

Објавено:
12 ноември 2013
Категорија: 
Тренд