Ролката дефинитивно е едно од омилените парчиња во секоја студена сезона, па тоа е случај и оваа кога и покрај толку многу трендови, истата остана вистински класик.
Омилена е меѓу девојките бидејќи на секоја комбинација ѝ вметнува елегантна нота и прави да биде уште повпечатлива.
Одличен избор е и за сите оние денови кога не знаете што да носите на работа или пак на некој посебен настан, а доволно е да ја комбинирате со стилско здолниште, панталони или кул фармерки со висок струк.
Бидејќи најчесто е изработена од некое плетиво, секогаш е ваш најдобар сојузник во студените или ветровити денови кога сепак, мора да останете стилски.
Оваа сезона девојките сакаат да ја носат и во комбинација со комбинезони, со некоја едноставна тиролка, па дури и со slip фустани од кои е толку тешко да се откажеме.
Ако сте за нешто повеќе, истата надополнете ја со некој впечатлив ѓердан, обетки или брош. Сезонава задолжително набавете си ролка во неколку бои и бидете подготвена за било каква пригода во било кое време.
Инфо и фото: Modamo.info