Стилски Инстаграм на 54-годишна Французинка

16 јуни 2016

Французинката Софи Фонтанел, 54-годишна писателка и модна колумнистка која пишува за парискиот магазин L'Obs, е дамата која со своето неверојатно изострено стилско чувство го привлече вниманието на нејзиниот профил на Инстаграм.

Едноставно кога еднаш ќе го отворите нејзиниот Инстаграм профил, станува „заразен" и со нетрпение очекувате што следно ќе објави.

Токму затоа има илјадници следбеници кои секојдневно се инспирираат од оваа средовечна жена и нејзиниот слободен, позитивен дух и животен стил.

Голем љубител е на уличната мода, па најчесто стајлинзите во кои се фотографира се во младешки и урбан стил, што е уште еден показател дека возраста не е никаков ограничувачки фактор кога е во прашање индивидуалниот имиџ.

Објавено:
16 јуни 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.015 пати