Стрит комбинации идеални за стартот на есента

24 септември 2015

Улиците се секогаш оној најинспиративниот дел од уметноста во нејзината најчиста форма. Затоа неретко токму тука пронаоѓаме идеи за тоа како може да го освежиме нашиот стил или да му дадеме еден поинаков правец.

Најчесто улицата нема правила, па токму такви се и уличните стајлинзи. Оставени на слободниот креативен дух на луѓето од различни култури и со различен стилски идентитет. А тоа е она што ја прави возбудлива уличната мода.

Оваа есен, улиците ќе танцуваат во бохо ритам, со многу разресени парчиња и макси фустани, а за оние кои го избираат минимализмот, изборот на сакоа и палта со чисти и строги линии е бесконечен. Принтовите вообичаено се повторно присутни, но и класичните црно-бели комбинации.

Објавено:
24 септември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.677 пати