Супер шик: Блогерката Ангела Ѓоргиева стилизирана во елегантен бел аутфит од Елена Лука

17 септември 2019

Целосно бела комбинација е избор што секогаш остава печат на елеганција, софистицираност и прочистена естетика.

Монохроматските бели комбинации лесно се имплементираат во сечиј изглед, а подеднакво постигнуваат стилски ефект.

Една шик варијанта на комплетно бела комбинација сподели нашата модна блогерка Ангела Ѓоргиева во соработка со етаблираниот моден бренд Елена Лука.

Овој пат Ангела носи супер шик дводелно одело од Елена Лука, сако со кратки ракави и кратки панатлони, изработени од богат брокат во бисерно бела боја.

Двете парчиња меѓусебно може да се комбинираа со што целината е перфектна, но исто така функционираат одделно во комбинации со други парчиња облека.

Ангела во својот аутфит, комплетот го комбинирала со елегантни сандали на висока потпетица и шноли-додатоци за коса со бисерни детали.

Овој аутфит е идеален избор и за свечена прилика, но може соодветно да го комбинирате и како деловен стајлинг.

Комплетот може да го најдете во продажба во ателјеата на Елена Лука или на онлајн продавницата на брендот.

Објавено:
17 септември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.332 пати