Покрај тоа што кожените панталони се апсолутен фаворит кај девојките кои го живеат динамичниот рокенрол стил, и супермоделите од различните генерации ги имаат како заедничко „must have“ парче во својот гардеробер.
Надвор од трендовските и временските рамки, кожените панталони се незаменлива класика во имиџот кај некои од најпознатите топ модели на денешницата како Кејт Мос, Кара Делевињ, Каролина Куркова, Миранда Кер, Џоан Смолс, Дри Хемингвеј и уште многу други убавици во модната индустрија.
Благодарение и на нивната привлечна фигура, кога во своите стилски комбинации ќе ги имплементираат и припиените кожени панталони, тие пленат со својот изглед.
Некои ги комбинираат со спортски патики и бомбер јакна, а некои им дават доза на сексапил кога ги спаруваат со високи потпетици и крзно, други пак се одлучуваат за бохо варијанта со широка кошула и шешир. Независно како ги стилизирале, делуваат инспиративно.