Свечени фустани за дами со облини

8 април 2016

Во оваа сезона на прослави од различен тип, жените се во потрага по идеалната комбинација. Ние во овој текст ставаме акцент на дамите со облини или некој килограм повеќе.

Иако можеби овие модели не можете да ги најдете конкретно кај нас, доволно е и да се инспирирате. 

За вас што преферирате посвечен изглед, оваа тегет силуета со пеплум е добар избор, бидејќи ќе ги нагласи добрите страни, а ќе ги прекрие лошите.

Доколку сакате да ги нагласите облините, тогаш можете да одберете нешто како овој црвен фустан, што можете да го комбинирате со впечатлив накит.

За оние што сакаат да избегаат од клишето, комбинезонот може да биде среќно решение, доколку го одберете вистинскиот крој.

Останатите погледнете ги во продолжение:

Објавено:
8 април 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
11.226 пати