Свежо и атрактивно: Зелена есен на модните улици

28 октомври 2020

Сте се обиделе ли некогаш да експериментирате со боите во вашиот стил, па дури и ако не сте љубител на колорот?

Доколку не сте пробале да внесете интензивни бои во вашиот имиџ, ве охрабруваме барем да пробате. Така можеби ќе откриете нова и свежа страна на своето визуелно „јас".

Како мотивација, ќе ви посочиме како атрактивната зелена боја раскошно се прелева во сите свои нијанси во една урбана и модерна улична мода.

Присутна како принт, детаљ или како доминантет аутфит во една впечатлива зелена нијанса, ни носи доза на разигран и неодминлив моден ритам.

Чизми или можеби капут во зелени тонови? Па нека се и двете модни парчиња, зошто да не?

Објавено:
28 октомври 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.364 пати