Свилена комбинација од Max & Co за сите шик дами!

1 март 2017

Дали има подобар начин да се најави пролетта од оваа фантастична свилена комбинација во која ќе се чувствувате поубаво од кога и да е? Секако дека нема!

Доколку сѐ уште не ја најдовте совршената комбинација со која ќе блеснете каде и да се појавите во претстојната пролетна сезона, тогаш ние имаме супер предлог за вас кој доаѓа директно од Max & Co.

Овие фантастични елегантни широки панталони со висок струк и странични џебови се нешто во што ќе уживате во секој дел од денот.

Ние знаеме дека од прва ќе се вљубите и во кошула – фустанот што ние овој пат го комбиниравме со панталоните поради совршениот спој на елеганција и секако, принтот во пруги на кој никогаш не можеме да му одолееме.

Двете парчиња заедно се комбинација во која ќе се чувствувате навистина посебно, а истата ќе можете да ја носите во повеќе прилики.

Оваа пролет експериментирајте и комбинацијата надополнете ја со чевли во некоја впечатлива боја која ви е вам омилена, без да размислувате дали истите совршено ќе се вклопат.

Секако, во Max & Co ќе најдете одличен избор на чевли, чанти и други модни додатоци кои ќе ви помогнат целосно да го комплетирате изгледот.

Она што е супер е тоа што панталоните и кошула – фустанот можете да ги носите и како сосема посебни парчиња, односно да ги комбинирате со што друго и да посакате, со што истите повторно ќе бидат во центарот на вниманието.

Целата комбинација е всушност голем тренд за претстојната пролет со оглед на тоа што девојките сѐ повеќе сакаат да носат ваков вид на женски костими, а секако не заборавајте го и трендот на носење парчиња кои неодоливо потсетуваат на „пижами“ како во случајов.

Девојките секогаш ќе го одберат овој тренд поради тоа што знаат дека во ваквите комбинации ќе се чувствуваат удобно и лежерно и дека нема да има за што да се грижат.

Со самото тоа што шик девојките сѐ повеќе го обожаваат овој тренд и сакаат да се чувствуваат добро во секој дел од денот, тогаш не ни преостанува ништо друго освен да ја посетиме продавницата на Max & Co каде пристигнаа и многу други прекрасни работи! 

Стајлинг: Fashionel

Комбинација: Magnetik Group

Шминка: Даниел Николовски

Модел: Марго Бојаџиевa

Модна агенција: Моделс Ин

Објавено:
1 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.245 пати