Тенки марами околу врат – вистински тренд оваа есен

2 октомври 2015

Веќе знаеме дека секоја нова сезона доаѓа по некој нов тренд што девојките го обожуваат. Покрај многуте сезонава, ние ги обожаваме и тенките марами што можеме да ги комбинираме со што и да посакаме и секогаш да бидеме толку модерни и шик.

Во вашиот плакар, оваа есен дефинитивно мора да имате една во црна боја, која најчесто ќе ја комбинирате со бели кошулки, а секако, не заборавајте ги и прекрасните бои на есента што одговараат буквално со секое парче.

Ако сакате оваа есен да се издвоите од толпата и да оставите свој печат во секоја комбинација, задолжително набавете си една ваква марама.

Она што е супер, е тоа што истата можете и сами да си ја направите, доколку дома успеете да најдете мало парче материјал што ќе ви заврши одлична работа.

Објавено:
2 октомври 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.493 пати