Тетовирани нокти: Новиот неодолив тренд на ТикТок

20 јуни 2022

ТикТок е непресушен извор на одлични (а честопати и „сомнителни") идеи, но овојпат се фокусираме на нешто ново и креативно што доаѓа од светот на маникирот.

Гелот и акрилот нудат безброј можности за експериментирање со формата и дизајнот на ноктите, а со тоа и можност за креативен израз за личноста што ги носи, како и за техничарот за нокти.

Од друга страна пак, тетоважите се една од најстарите начини на кои што човекот почнал да го користи своето тело и кожа како медиум за изразување одредена припадност, социјален статус, религиски и политички став, но и како уметнички и естетски израз. Векови подоцна, тетоважите се поприсутни од било кога, а сега веќе и на нокти.

Фото: readinsideout.com

Најновиот тренд ги комбинира токму овие две нешта - тетоважите и маникирот.

Па, доколку сте во потрага по инспирација за нов дизајн за вашите нокти, или пак можеби размислувате за тетоважа, но не можете да се одлучите на нешто толку долготрајно, тогаш тетоважите за нокти ви нудат одлична краткотрајна алтернатива и бескрајна можност за експериментирање.

Фото: Vogue

Но, пред да се одлучите да ги истетовирате вашите нокти, ова се неколку клучни нешта што би требало да ги запомните.

Тетоважите за нокти се нанесуваат на плочката на ноктот со пиштол за тетовирање и мастило, а тој процес бара стабилна рака од уметникот кој ги изработува. Според тату-артистите, иако оваа техника не е тешка, сепак бараат голема прецизност поради тоа што ја гребат површината на ноктот. Па така, треба да се земе предвид дека потешко се постигнува права линија, и дека што посложен е дизајнот, тоа потешко ќе се истетовира на толку мал простор како што е ноктот.

Фото: Allure

Доколку ве загрижува долготрајноста на тетоважите, во овој случај немате потреба од тоа. Тетоважите за нокти се привремени. Тие се вдлабуваат во горниот слој на ноктот и траат додека не ги исечете ноктите. Во таа смисла, дури и оние најнеодлучните на кои им е потребно долго размислување пред да се одлучат за дизајн на тетоважа, овојпат не би требало да се соочат со овој проблем. Тие можат слободно да експериментираат и со бојата и самиот дизајн на тетоважата.

И секако, најчесто поставувани прашања во врска со тетоважите за нокти се „Дали се безбедни" и „Дали се болни"?

Тетоважите за нокти се генерално безбедни, но се препорачува да ги изведува исклучително професионалец кој е добро запознаен со процесот и анатомијата на ноктот, и да се избегнува тетовирање во домашни или небезбедни услови. Артистот кој ќе ги тетовира вашите нокти треба да знае тоа да го прави на правилна длабочина на ноктот и да внимава на мекото ткиво под него со цел да се избегне крварење или инфекција.

Сепак, охрабрувачки е тоа што процесот е безболен и единствено нешто што би почувствувале е благ притисок како при користење на електрична турпија во салон за убавина.

Звучи интересно? Можеби следните неколку примери ќе ви помогнат да се одлучите да ги истетовирате вашите нокти:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by G (@itsagcreation)

 

Доклку сакате да видите како изгледа процесот, погледнете го видеото подолу.

Објавено:
20 јуни 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
320 пати