Топ десет трендови за претстојната сезона

26 јуни 2013

Бунтовничка со причина

Од „Vunk“ на Версаче до карираните парчиња на Сен Лоран, жените за сезоната која доаѓа најмногу сакаат да го промовираат својот бунтовен дух. Нивен заштитен знак се патентите, синџирите и кожата.

 

Versace

 

Ерата на новото здолниште

Здолништата повеќе не се кратки, ниту со средна должина, одат дирекно под колената и до глуждовите со нежен лелеав пад на материјалот. Во комбинација со чизми до глужд, ќе бидат белег на оваа нова модна ера.

 

Celine

 

Религиозен мотив

Валентино, Александар Меквин, Долче и Габана се само дел од модните дизајнери кои за следната сезона се инспирираа од религиозните мотиви. Внесете  „смиреност“ во вашиот моден портрет.

 

Valentino

 

Морнарски стил

Ова е водечка комбинација на бои за сезоната која доаѓа. Но само како почеток на нијансите кои ќе го обојат морнарскиот стил. Вино-црвената, црната и виолетовата го надополнуваат спектарот на тонови во креирањето на модниот склоп.

 

Chloe

 

Андроген

Машко-женската модна приказна дефинитивно ќе биде најпопуларна за следната сезона. Модните парчиња кои ќе треба да ги поседувате за да бидете во тренд се панталоните со висок струк, класични сакоа кои нема да ја следат линијата на вашето тело, широки и удобни кошули и блузи.

 

Richard Nicoll

 

Дамски изглед

Дамскиот изглед е непогрешливо решение кога е изборот на облека во прашање. Дише во ритамот на носталгичните минати времиња, а неговиот совршен и по малку еротски крој е прилагодлив за секоја сезона. Бидете дама.

 

Simone Rocha

 

Предимензиониран капут

Колку поголем капут за следната сезона, толку подобро. Овој моден тренд ќе ви озможи  да се чувствувате комотно во вашата втора кожа.

 

Peter Pilotto

 

Жена војник

Оваа жена ќе ве улови и покори. Таа е како вонземјанин која носи долги панталони и капути, со нагласен грб и моќни потпетици. Вие сте освоени.

 

Gucci

 

Од се по многу

Вистински микс на текстури, бои и материјали. Дали е тоа Фенди крзно или палто на Том Форд, не се знае. Она што е вистинско и точно е дека се екстравагантно декорирани, правејќи мозаик на од мултикултурни движења и правци кои и  денес се присутни во модната платформа кај светски познатите дизајнери.

 

Tom Ford

 

Мрачно романтична кралица

Ова е облеката која ќе ве „маѓепса“. Мистериозна, мрачно романтична уметност, надополнета со еротски нишки со богата текстура на силуети и линии како никогаш до сега.

 

Giles

 

Објавено:
26 јуни 2013
Категорија: 
Тренд