Tренди зима во македонски дизајн

12 ноември 2015

Во рамките на последниот Моден викенд во Скопје, најголем дел од младите македонски дизајнери што земаа учество, ги промовраа своите колекции за актуелната сезона, есен-зима 2015/16.

Заеднички пресек на нивните индивидулани колекции беа неколку трендови што се наметнуваат како највпечатливи сезонава, меѓу кои и секогаш актуелните црно-бели комбинации, но и похрабриот избор на микс на интензивни бои како во топлата колекција на Ирина Тошева и во елегантната линија на Олгица Ѓоргиева. Металните нијанси особено се издвојуваа во колекциите на Јована Филиповиќ и Мите Занов, кои ги комбинираа најчесто со пастелна палета на бои.

Драматичен изглед беше постигнат со макси капутите и тоалетите што имавме можност да ги видиме во повеќето колекции, а едно од најзастапените дизајнерски парчиња беше комбинезонот дефиниран во повеќе варијанти, низ призмата на различни дизајнери.

Во продолжение издвојуваме дел од највпечатливите трендови што на македонската модна сцена ги актуелизираат нашите млади дизајнери.

 

Забавен микс на интензивни бои

 Комбинезони

Црно-бела класика

Макси

Металик нијанси

 

Објавено:
12 ноември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.124 пати