Toпли, тренди, впечатливи: Новите ЕЛЕНА ЛУКА јакни се вистински избор за оваа сезона

18 ноември 2021

После капутите со безвременска естетика и квалитет, од модната куќа ЕЛЕНА ЛУКА ја надополнуваат зимската колекција со нова линија јакни.

Се работи за модели кои веднаш ќе го привлечат вниманието на младите, но и сите што така се чувствуваат. 

Доаѓаат во неколку бои и дезени кои се апсолутен тренд.

Топли, со oversized крој и должина до колена, ќе бидат совршен избор за студениот период кој ни претстои. Од страните имаат џебови, така што ќе можете да си ги заштитите и стоплите и рацете. Во предниот дел имаат патент, односно нитни, а крагната е широка и може да се носи крената, особено во ветровити денови или пак спуштена.

Исто така, токму таа ширина го прави моделот идеален за различни конфекциски броеви и типови градба, па не мора да размислувате воопшто дали ќе ви стои или дали ќе го најдете вистинскиот број за вас.

Можете да бирате помеѓу розова, жолта и сина јакна со букви како дезен. Одлично можат да се комбинираат и со плетени комплети, џинс, фустани со полежерен или спортски крој. 

Од друга страна, ако сте љубител на поп-арт естетиката, тогаш „Queen“ моделот во црна или сина нијанса со илустрации ќе биде вистинскиот избор за вас.

 

Ако периодов деновите се малку сиви и здодевни, облеката дефинитивно не мора да биде, а овие јакни од ЕЛЕНА ЛУКА го потврдуваат токму тоа.

Новите модели се веќе достапни и на нивната онлајн продавница elenaluka.com, па одберете ја омилената и зачекорете во зимата впечатливи и модерни.

Кој модел е вашиот фаворит?

 

Објавено:
18 ноември 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.355 пати