Според модните дизајнери, оваа летна сезона ќе биде сезона на проѕирни парчиња, а меѓу нив, транспарентните панталоните веќе стануваат најпопуларна опција за вечерни излегувања.
По речиси две години живот во делумна изолација од социјални случувања, бескрајни денови поминати во удобни тренерки и хеланки, модните брендови и вљубениците во модата решија дека е крајно време да ги вратат голата кожа и „секси" облеката во тренд.
Познатите лица и модни икони како Бијоне, Ријана, и Шер, веќе одамна се предводници на проѕирниот тренд. „Naked dress" е популарен со децении, но во последно време, транспарентните панталони го туркаат овој фустан од неговиот трон.
Џиџи Хадид го прослави својот роденден облечена во комплет од тантела од глава до пети со потписот на Дион Ли, а неодамна и Хејли Бибер облече слични панталони низ кои ѕирка кожата од брендот Coperni.
Џиџи Хадид, Фото: profimedia
Хајли Бибер, Фото: profimedia
Доколку се одлучите за (полу)транспарентни панталони, опциите ви се речиси неограничени. Од тантела и мрежа, па сè до најлон и транспарентни модели извезени со светки или необични принтови. За каков дизајн и да се одлучите, заедно со некоја тренди кошула, би биле одлична комбинација за вечерни излегувања, или пак дневни прошетки на плажа.
На линија со светските тенденции, брендот ЕЛЕНА ЛУКА се претставува со свој прозирен, ултра модерен дводелен сет со брендирани траки, кој можете да го најдете на следниот линк.
Елена Лука
Елена Лука
Елена Лука
Во прилог издвојуваме неколку интересни примери за тоа како можете да ги искомбинирате вашите проѕирни панталони ова лето: