Транзиција на гардероберот

31 август 2013

Настапува оној период од годината кога нашата облека треба да ја прилагодиме на променливите временки услови, а честопати тоа значи дилема што е најсоодветно за преминот од топлите летни кон жолтите и честопати врнежливи есенски денови.

Морате да размислувате за функционална облека која истовремено ќе биде тренди, но и ќе може да ја комбинирате во зависност од времето. Секакао тука мислиме на повеќеслојна облека која освен тоа што е хит периодов, исто така лесно ќе може да ја искористите за адаптација. Шалови и марами во различни дезени и од различни материјали комбинирани со тенки џемперчиња за преку ден, класично сако под кое наѕирка едноставна еднобојна маичка за на работа, а за вечерните излегувања над краткото фустанче наметнете шик кратко палто аплицирано со интересни детали или принтови.

Отворените сандали и мокасинките полека ќе почнеме да ги сместуваме некаде во позадината на плакарот за следната година, а сега во прв план ќи ни бидат ниските или на рамна платформа затворени чевли или чизмите до глуждот.

Аксесоарите се клучни: задолжително очила за сонце, масивен накит и чанта во која секогаш ќе имате место за чадорот.

 

Објавено:
31 август 2013
Категорија: 
Тренд