Трегери- подзаборавен тренд кој се враќа на голема врата

17 април 2014

Трегерите традиционално се дел од гардероба на човекот уште многу одамна. Тие првично биле наменети за практична цел, односно за придржување на панталоните, но со текот на времето  станаа  моден унисекс култ . Популарноста на овој додаток особено  значење добива во 1970-тите години,односно кога ги носеше Дајан Китон на  незаборавните перформанси во филм на Вуди Ален  „Ени Хол“.  Трендот продолжи  и во текот на 1980-тите години, кога повторно ги актуелизираше  Гордон Геко, главниот лик во филмот " Волстрит . Во 90-тите, трегерите  не беа меѓу  базичните трендови, но се уште ја имаа својата примена како кај мажите така и кај жените.  Панк движењето исто така има огромно влијание за нивната примена, а еден период  се носеа и спуштени на колковите. Не баш сите ја сакаат оваа замена за ременот, така што сега почесто може да видиме како ги носат мажите на некоја свеченост, додека девојките се помалку ги применуваат.

 

Овој аксесоар скоро секоја сезона можете да го најдете низ бутиците, но ставот кон нивната примена најчесто е индивидуален,  а не масовен. Но, извесен период  љубителките на модата ширум светот се почесто ги вметнуваат од своите комбинации, најчесто споени со панталони со висок струк, кратки и макси здолништа и бојс фармерки. Во продолжение погледнете галерија од изгледи каде трегерите го имаат главниот фокус, па доколку се инспирирате почнете да ги барате оние подзаборавените во вашиот плакар или тргнете во шопинг по нови.

Објавено:
17 април 2014
Категорија: 
Тренд