Тренд 50-50: Комбинации во две симетрично распределени бои

10 септември 2020

Кога сакаме да експериментираме со стилот, понекогаш посегнуваме по необични комбинации, што може да бидат повеќе или помалку успешни. Но, вреди да се проба да се излезе од стилска монотонија, кога ќе почувствувате потреба за тоа.

А еден тренд оваа есен е во прилог на ова. Несекојдневен, но секако впечатлив и ефективен.

Се работи за комбинации со симетричен спој на две бои кај едно парче облека.

Варијантите на бои и парчиња кај кои ќе биде применета оваа тенденција, се бројни.
Буквално секое парче, од панталони и чевли до кошули и мантили, може да добијат своја 50-50 опција во комбинации на црна и бела, беж и жолта, сива и сина... Изборот е неограничен.

Во продолжение погледнете неколку примери од уличната мода во Копенхаген, како идеја како овој тренд да го имплементирате во вашиот стил.

Објавено:
10 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
511 пати