Тренд аларм: Бел џемпер и плисирано здолниште совршени за на работа

8 октомври 2019

Иако од неодамна и официјално е есен, сепак температурите во текот на денот се соодветни за да можеме да носиме потенки парчиња.

Но, утрата се тие што се навистина студени, па мораме да одбереме соодветна комбинација во која ќе изгледаме стилски, но и ќе се стоплиме.

Денешниот тренд аларм го посветуваме токму на оние девојки кои сакаат да се впечатливи во секој момент, но сепак да уживаат во удобноста на топлите парчиња.

Вистинска инвестиција секоја есен се едноставните и топли џемпери во нежни нијанси што можете да ги комбинирате буквално со сѐ.

Во денешната комбинација вметнавме токму таков џемпер со мини ролка и истиот го комбинираме со лежерно плисирано здолниште со интересна зелена основа и животински принт.

Комбинацијата ја надополнивме со високи чизми во крем нијанса со впечатлива потпетица и прекрасна фризура и шминка.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Џемпер, здолниште, чизми: Mango

Фризура и шминка: Елена Лука

Модел: Веда Евтимова

Модна агенција: Моделс Ин

Објавено:
8 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.365 пати