Тренд аларм: Бело здолниште со копчиња + минималистичка маичка

21 јуни 2018

Денешниот тренд аларм што ќе ви го претставиме во себе го содржи најмодерното здолниште за сезонава.

Станува збор за бело тантелно здолниште со карнери во долниот дел и кафени копчиња распоредени напред кои даваат една прекрасна, романтична димензија на целиот стајлинг.

Здолништето го комбинираме со лежерна и едноставна маичка на прерамки во кафена нијанса, а во речиси иста боја се и денешните обувки со ремчиња во предниот дел.

Нешто највпечатливо во денешниот стајлинг е дефинитивно чантата со мрежа и дрвени рачки која неодоливо потсетува на лето.

Комбинација: Fashion group 

Стајлинг: Fashionel

Модел: Миа Мојсовска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
21 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
544 пати