Тренд аларм: Целосно жолта комбинација е апсолутен хит!

2 мај 2019

Доколку веќе ви здодеаја сите оние бели, романтични парчиња, тогаш денеска за вас имаме нешто што знаеме дека ќе ви се допадне.

Еднобојните комбинации се хит подолго време, но секогаш одбираме некои неутрални бои за истите да не бидат многу впечатливи.

Оваа пролет сакаме да се издвоиме од толпата па затоа речиси секогаш бираме парчиња во бои за кои секогаш сме биле резервирани. Конкретно, темно жолтата боја беше омилена пред неколку сезони, но девојките сè уште ја обожаваат.

Панталоните и кошулката во оваа боја, особено доколку ги носите заедно изгледаат навистина посебно, а истите без проблем можете да ги носите и одвоено.

Кошулката е на куси ракави, додека панталоните со должина до глуждовите. Дополнително, комбинацијата ја истакнавме со оваа кафена кожена чантичка што се носи на половината и високи потпетици во интензивна црвена нијанса, бидејќи сезонава не се плашиме од бои.

Што се однесува до накит, единствено носиме кафени обетки со украси во златна нијанса.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Панталони, кошулка, чевли и чанта: Mango

Модна агенција: Моделс Ин

Модел: Тамара Петковска

Фризура и шминка: Елена Лука

Локација: Бриколаж

Објавено:
2 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
896 пати