Тренд аларм: Чизми над колената + мал црн фустан и кошулка

20 септември 2016

Во пресрет на прекрасната есен, сега е вистинско време да си ги набавите чизмите во кои ќе ја поминете оваа романтична сезона.

Денеска ви предлагаме задолжително во вашиот плакар да се најдат овие црни чизми над колената, кои покрај тоа што се неверојатно стилски и едни од најпосакуваните, истите многу лесно се комбинираат со било кое парче.

Наш предлог секогаш е малиот црн фустан, но денеска во една малку поинаква, романтична варијанта. Истиот го комбинираме со бела кошулка на долги ракави и панделка во пределот кај јаката, а што се однесува до модните додатоци, имаме неколку навистина уникатни.

Комбинацијата надополнете ја со ова интересно црно ранче и со овие навистина уникатни обетки во сребрена варијанта кои одлично ќе се вклопат со останатите парчиња.

Бидете вистинска стилска икона со само неколку парчиња кои есенва мора да се најдат во вашиот плакар.

Комбинација: Fashion Group 

Фустан, кошула, чизми, ранче: Mango

Обетки: Parfois

Шминка: Елена Андовска

Модел: Антонела Давитковска

 

Објавено:
20 септември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
10.046 пати