Велат дека секоја девојка во плакарот треба да има барем еден црн фустан, но тоа дефинитивно важи и за комбинезоните како супер замена во деновите кога сакате нешто повеќе.
Ваквите парчиња се must have за секоја дама, па доколку сè уште не сте го нашле вистинскиот црн комбинезон, сега е вистинско време за тоа.
Денеска ви предлагаме едно токму такво парче, навидум едноставен црн комбинезон, но толку шик што ќе го обожавате.
Истиот е без ракави со суптилно деколте и долги и широки ногавици кои истовремено го прават толку модерен и женствен.
Можете да го носите за разни пригоди, па дури и на работа со внимателно одбрано палто и високи потпетици.
Ние го комбинираме со впечатлива црна чантичка со златна рачка и кожено ременче, па може да ја носите како сакате.
Комбинација: Fashion Group Macedonia
Комбинезон и чанта: Манго
Стајлинг: Fashionel
Модел: Анастасија Василевска
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука