Тренд аларм: Црн светкав фустан + елегантни високи потпетици

19 декември 2018

Во време кога веќе се чувствува празничната магија и најдобрите забави се пред нас, секогаш ни треба доза инспирација во што да блеснеме на сите тие настани.

Малиот црн светкав фустан секогаш е сигурен избор, а ако истиот е со долги ракави и гол грб, тогаш имате полн погодок.

Токму таков фустан ви предлагаме денеска за сите забави што се пред вас, а на кои сакате да се појавите во малку поинакво светло.

Ваквиот фустан единствено го комбинираме со стилски потпетици што се доволни, бидејќи самиот фустан е супер впечатлив.

Шминката и фризурата се навидум едноставни, но доволно впечатливи за новогодишните забави.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Фустан, потпетици: Mango

Модел: Тадеа Павловска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
19 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.355 пати