Тренд аларм: Црно-бела елеганција

17 февруари 2015

kombinacija

Црно-белите комбинации се нешто што никогаш не излегува од мода. Тие зрачат со посебна елеганција. Токму затоа ние денеска ви предлагаме една таква од Манго.

Црни панталони со висок струк се нешто што секоја жена треба да го има во својот гардеробер, бидејќи на вистински начин  ги истакнува облините на телото. Бела кошула пак, е нешто што ви е потребно речиси за сите стилови и модни комбинации. Денеска се одлучивме тоа да биде широка кошула на закопчување, која ќе ви овозможи лежерност и удобност, а воедно и елеганција.

Кога се обувките во прашање, се одлучивме тоа да бидат бордо лакирани чевли со ременче до Бата, со што комбинацијата добива уште посилна изразена женственост и динамика. Од модните додатоци, нашиот избор се впчетливи обетки од Parfois.

Ова е одлична комбинација и за вашите деловни активности, но и за релаксирана средба или забава со пријателите, колегите после работното време.

Објавено:
17 февруари 2015
Категорија: 
Тренд