Тренд аларм: Црно-бела урбана комбинација

28 јануари 2015

10956058_10204869348307736_511882043_n

Црно-белата комбинација на бои е модна класика. Но, одлично може да се вклопи и во урбани изгледи, што е и нашиот денешен предлог. Девојки, сите вие што имате кожени тесни панталони, денес извадете ги од вашите гардеробери. Ние за денес одлучивме да ги искомбинираме со бела кошула со црн паспул и црн принт.

Со оглед на тоа дека температурите сè уште не се доволно високи за да ги оставиме дебелите палта. Но, доколку сте од оние на кои им здодеа да ги носат, ние нашата комбинација ја дополнивме со црн пуловер и голем, волнен бел шал, што несомнено ќе ве стопли.

Од модните додатоци, изборот е црна чанта со крзнен украс, која воедно е апсолутен хит и одлично се вклопува во оваа урбана комбинација.

Кога се обувките во прашање, наш избор и препорака се Walkmaxx црните чизми, кои ќе ви овозможат истовремено и удобност и топлина, а се идеални и за различни модни комбинации. Повеќе за нив можете да дознаете на линкот овде.

Објавено:
28 јануари 2015
Категорија: 
Тренд