Во пресрет на Денот на жената, ви нудиме тренди фустанче во бојата на љубовта од колекцијата на P....S….fashion!
Доколку веќе се одлучивте каде и како ќе го поминете овој празник, сега е вистинското време да ја најдете и совршената комбинација за тој повод.
Ние ви предлагаме шик фустанче до колената изработено од прекрасен материјал совршен за ова време од годината. Фустанчето е со долги ракави и истото има тотално несекојдневен и одличен крој, а половината е особено нагласена со суптилно ременче.
Во комбинација со овој фустан, единствено потребен ви е овој впечатлив ѓердан што дополнително ќе го освежи фустанот и ќе му даде неверојатно младешка нота.
Без разлика на тоа каде и да го поминете овој 8 – ми Март, бидете сигурни дека ќе блеснете во оваа позитивна комбинација!