Тренд аларм: Цветна кошулка со карнер и шик фармерки

5 јуни 2017

Се чини дека веќе сме во екот на летото со оглед на високите температури на кои сме сведоци деновиве.

По тој повод, време е да ја обновите летната гардероба и да си набавите некои клучни парчиња кои ќе ги обожавате во текот на летните месеци што се пред нас.

Меѓу другото, она без што не можете да ја поминете топлата сезона е дефинитивно цветната кошулка со впечатлив карнер во предниот дел која е must have за сите девојки.

Денеска ви предлагаме една токму таква во која знаеме дека ќе се заљубите од прва, бидејќи истата е навистина прекрасна, а и можете да ја носите со што и да посакате.

Во предниот дел има копчиња и длабоки џебови, а цветниот принт ја прависовршена за секојдневните обврски, но и за долгите прошетки на плажа.

Ние ја комбинираме со овој интересен модел на фармерки до глуждовите, а што се однесува до обувките, розовите слатки сандали ќе ви овозможат удобни и лесни чекори во текот на целиот ден.

Стајлинг: Fashionel

Комбинации: Fashion Group

Кошула, фармерки, сандали: Mango

Модел: Фросина Блажеска

Модна агенција: Models In

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
5 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
616 пати