Тренд аларм: дводелен костум во нежно виолетова боја + маичка со натпис
•
23 април 2018
Виолетовата боја според институтот Пантон е најпопуларната боја на годината.
Во пролетните тенденции особено се издвојувааат пастелните нијанси на виолетова, што беше и наш избор за денешниот Тренд аларм.
Најпопуларната боја ја споивме со најполуларната комбинација за оваа сезона – блејзер и панталони со висок струк. На оваа тренди комбинација, ние додадовме маичка со интересен натпис, чевли со високи потпетици и масивни колоритни обетки.
Комбинација: Fashion group (панталони, блејзер, маичка, чевли – Манго, обетки – Parfois)
Стајлинг: Fashionel
Модел: Елена Ѓорговска, Модна агенција „Моделс Ин"
Шминка и фризура: Елена Лука