Време е да се развеселиме на овој дождлив ден! Ваквото време секогаш е совршена инспирација, па доколку денеска немате некои поголеми обврски, одвојте време да се подновите со прекрасни парчиња.
Она што ние денеска ви го предлагаме е оваа супер шик комбинација составена од ѕвон фармерки со висок струк и преслатко џемперче во пруги кое е како создадено за студените денови.
Истото е со темно сини и бели пруги украсено со интересни везови во долниот дел кои совршено се спојуваат со темните фармерки.
Она кон што е вперено целото внимание денеска е овој интересен моден додаток на главата, односно слатката марама во темно сина боја која ќе ја украси секоја ваша комбинација.
Носете ја на овој начин како на фотографијата, или пак соберете ја со неа целата коса наназад во оние денови кога баш и немате време за соодветната фризура.
Комбинација: Fashion Group
Фармерки, џемпер: Springfield
Марама: Parfois
Модел: Марго Бојаџиева
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка: Елена Андовска