Тренд аларм: Џинс во романтичен аутфит со шешир и маичка со натпис

20 ноември 2019

Џинсот може да го прилагодуваме соодветно во различни комбинации и во сечиј имиџ, па благодарение на неговата универзална естетика го ужива статусот безвременски.

Дека во зависност од комбинацијата, џиност може да добие и елегантна нота, пример е и нашиот денешен избор за Тренд аларм.

Во овој аутфит сè е во име на романтиката, па сигурно ќе се пронајдат романтичните девојки.

Одбравме џинс со висок струк и го комбиниравме со маичка со натпис и впечатлив краток блејзер, а со цел да постигнеме женствен ефект, комбинацијата ја надополнивме со високи потпетици од Манго.

Деталите и во овој случај се клучен сегмент. Шармантниот зимски шешир и чантата со животински принт од Parfois се совршено надополнување на овој тренди есенски стајлинг, со кој може да привлечете внимание во различни пригоди.

Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel.mk
Џинс, маичка, блејзер, штикли: Mango
Чанта, шешир: Parfois
Фризура и шминка: Елена Лука
Модел: Мања Блажевски
Модна агенција: Моделс Ин
Локација: Градинарски центар Фоја

Објавено:
20 ноември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.381 пати