Тренд аларм: Единствениот црвен костум што ви е потребен оваа пролет

12 април 2019

Иако станаа ултра популарни, никогаш не ни е доста од стилските женски костуми, па ги носиме во секоја варијанта, за секоја пригода.

Одлични се бидејќи можеме да ги комбинираме со разни модели чевли, а денеска овој фантастичен црвен костум го комбинираме со ултра удобни и тренди патики.

Во случајов, станува збор за супер популарен модел на патики во бела боја со минимални детали во крем нијанса.

Што се однесува до костумот, панталоните се со должина над глуждовите и се како создадени за ова време. Палтото е скроено за различен тип градби, а дополнително истакнато со бели впечатливи копчиња.

Носете ги парчињата од костумот заедно или посебно и никогаш нема да згрешите во изборот на комбинација каде и да се појавите.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Костим, патики: Mango

Модна агенција: Моделс Ин

Модел: Тамара Петковска

Фризура и шминка: Елена Лука

Локација: Бриколаж

Објавено:
12 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
946 пати