Тренд аларм: Фустанче на врзување

6 јули 2017

Доколку сè уште не сте го пронашле вашето омилено летно парче, веруваме дека ние ќе ви помогнеме во изборот.

Нашиот денешен тренд аларм е лесно, лелеаво фустанче без ракави.

Освен што е широко и идеално за летниот период бидејќи ќе се чувствувате како да немате ништо на себе, вниманието ќе ви го привлече и поради детаљот во пределот на пловината.

Имено, од десната страна се врзува во панделка, со што го приспособувате на своето тело, а воедно имате и шик детаљ што ќе го издвои од толпата други фустанчиња.

Исто така, во горниот дел кај рамениците има и мали карнерчиња, што даваат разиграна и тренди нота.

Ние го комбиниравме со црни сандали на потпетица, што би била супер комбинација за некоја забава, летен роденден и слично, но можете да го приспособите на својот сензибилитет или пригодата, бидејќи ќе биде совршен избор и за летни прошетки,  или можеби одмор...

 

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Фустан и сандали: Mango

Модел: Евгенија Миленкова

Агенција: „Моделс Ин"

Шминка: „Елена Лука"

Реализација: Fashionel.mk

Објавено:
6 јули 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
728 пати