Тренд аларм: Кафени бермуди со висок струк + жолта маичка

25 јули 2018

Иако времето можеби не е за кратки панталони, ние секогаш се надеваме дека вистинското лето допрва ќе дојде.

Од парчињата што ги обожаваме оваа сезона, вистински хит ни се кусите панталони со висок струк во некоја убава боја.

Денеска ви презентираме токму такви, во темно кафена нијанса со шик ремен на половината и широки ногавици.

Панталоните ги комбинираме со едноставна и лежерна маичка во жолта нијанса, а денеска во центарот на вниманието се овие влечки на платформа во посветла нијанса.

Комбинацијата ја украсуваме со колоритна марама на главата која може да се носи на бројни начини, зависно од вашата желба.

Комбинација: Fashion group

Бермуди: Манго

Маичка: Манго

Папучи: Манго

Марама: Parfois

Стајлинг: Fashionel

Модел: Нина Михајловиќ

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
25 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
562 пати