Тренд аларм: Кафено елече и панталони за најстилски изглед оваа пролет

17 април 2019

Судејќи според денешниот ден, веќе е вистинска пролет. Тоа значи дека можеме да правиме и малку посмели стајлинзи кои не вклучуваат палто.

Токму затоа, денеска ви предлагаме една шик комбинација составена од две безвременски парчиња кои можете да ги носите заедно или посебно.

Станува збор за стилско елече во крем нијанса со четири впечатливи копчиња во предниот дел. Можете да го носите самостојно, но и со некоја бела свилена кошула одоздола.

Истото ние го комбиниравме со лежерни панталони од истиот материјал и во иста боја кои се сосема соодветни за овој стајлинг.

Целата комбинација ја заокруживме со елегантни сандали на висока потпетица во малку потемна кафена нијанса и неколку алки во претежно земјени бои.

Фризурата е едноставна, додека акцентот овојпат го ставаме на шминката, конкретно на впечатливите очи.

Ова е одличен стајлинг за разни свечени пригоди кои ги имаме во изобилство.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Стајлинг: Fashionel.mk

Елече, панталони, сандали: Mango

Накит: Parfois

Модна агенција: Моделс Ин

Модел: Тамара Петковска

Фризура и шминка: Елена Лука

Локација: Бриколаж

Објавено:
17 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.745 пати