Тренд аларм: кимоно со цветен дезен + тесен џинс
•
27 септември 2017
Тенденцијата на елементи од Источната култура имплементирана во современиот дизајн продолжува и оваа есен.
Највпечатлив и највидлив момент што ги спојува е кимоното.
Во нашиот денешен стилски предлог, комбинираме токму варијанта на кимоно со флорален дезен и странично врзување, а го споивме со незаменливиот тесен џинс.
Овој аутфит од Манго го надополнивме со модни додатоци од истиот бренд: женствени високи потпетици од кадифе во беж нијанса и чанта во кафена боја.
Комбинација: Манго