Тренд аларм: Класичен црн фустан + впечатливо палто

2 март 2017

Иако се чини дека пролетта доаѓа на голема врата, малиот црн фустан е нешто што секоја жена мора да го има во плакарот и нешто што ќе ја спаси во секоја ситуација.

Денеска ви предлагаме една таква комбинација во која главното парче е токму малиот црн фустан совршен за секоја пригода.

Доколку истиот го комбинирате со некое впечатливо палто како во случајов, тогаш имате полн погодок!

Имено, палтото што ние го комбинираме со ова црно фустанче е изработено од супер материјал совршен за ова преодно време од годината, а истовремено е толку модерно и шик благодарение на супер принтот.

Оставете впечаток со овие уникатни обетки со црни и сребрени детали, а комбинацијата истакнете ја со овие слатки чевлички со ремче кои се супер предвеснички на пролетта.

Стајлинг: Fashionel

Комбинација: Fashion Group

Фустан, чевли: Mango

Палто: Springfield

Обетки: Dve smizle Skopje

Модел: Калина Лозаноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Даниел Николовски

Објавено:
2 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.915 пати