Тренд аларм: Комбинезон за Нова година

26 декември 2014

10888847_533726923422864_8635938853100534995_n

Драги наши девојки, се' уште размислувате за новогодишниот изглед? Ве разбираме бидејќи ова е месецот ,кога ние жените интензивно мислиме и го бараме соодветното парче за оваа ноќ.

Fashionel овој пат предлага едноставна елеганција во црно-бела варијанта. Комбинезоните секогаш се уникатен и удобен изглед додека пак црно-белата комбинација е безвременска. Долнитот дел на комбинезонот од двете страни е збогатен со златни циркони со што се внесува празнична нота во изгледот. Модните додатоци, алките и клач чантата во златна боја одлично се вклопуваат во оваа наша-предлог комбинација.

Ако сте од оние што скаат да имаат нешто во црвена боја на Нова година, за среќно да им започне, нека бидат тоа чевлите  со златна подлога.

Ви посакуваме весела вечер!

so-logo

Објавено:
26 декември 2014
Категорија: 
Тренд