Тренд аларм: Комплет во есенски тонови

29 август 2018

Со оглед на тоа дека одморите полека завршуваат, нашиот денешен тренд аларм е комбинација која одлично може да се вклопи во вашиот деловен стил.

Овој пат одбравме комплет составен од панталони и кошула во есенска портокалово-кафена нијанса од брендот „Манго“.

Панталоните се до глужд, а имаат и истакнат раб во предниот дел што им даваат малку делловна нота. Горниот дел пак е кошула со кратки ракави, а впечатлива е таканаречената “шал крагна“.

Кошулата може да се носи преку панталоните или вовлечена во нив, изборот е ваш.

Она што е сигурно е дека во него ќе се чувствувате лесно, а со оглед на тоа дека бојата е актуелна и лесна за комбинации, можете и да ги разделите горниот и долниот дел и да ги вклучите во некоја сосема друга комбинација.

 

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Кошула+панталони: Манго

Стајлинг: Fashionel

Модел: Анастасија Василевска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука

 

*спонзорирана објава

Објавено:
29 август 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.008 пати