Тренд аларм: Лелеав цветен фустан е сè што ви треба летово

28 јуни 2017

Ако во зима сакаме да имаме што поубава и побројна колекција џемпери, во лето сакаме што повеќе фустани.

Ние денеска ви презентираме еден што веруваме одлично ќе ви се најде за повеќе пригоди. Во него се обединети повеќе трендови годинава. Освен што е лесен и лелеав, па имате чувство како да не носите ништо, овој фустан има карнери, на прерамки е и со голи раменици - сè што е апсолутен хит кога се трендовите за сезонава во прашање.

Со соодветно палто или јакна, иако тоа во моментов не ви паѓа на ум, можете да го носите на работното место (секако доколку немате строг и пропишан дрес код). Одличен е за лежерни прошетки, или забави, а дефинитивно е едно од парчињата што треба да ги спакувате ако одите на летен одмор.

Ние го искомбиниравме со сандали на потпетица во беж нијанса, а дефинитивно можете да облечете и балетанчиња, секој според својот сензибилитет.

Ова е едно од нашите омилени, а и најпотребни парчиња ова лето и воедно наша препорака.

 

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Фустан, јакна, сандали: Mango

Модел: Евгенија Миленкова

Агенција: Моделс Ин

Шминка: Елена Лука

Реализација: Fashionel.mk

Објавено:
28 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.412 пати