Тренд аларм: Лежерна и женствена комбинација создадена за зима
•
17 јануари 2017
Во овие денови кога конечно доживеавме вистинска зима, изборот за секојдневни комбинации е навистина тежок. Веруваме дека сите сакате да се облечете топло за да се заштитите од студот, но сепак да изгледате модерно во канцеларија и на средбите после работа. Она што ние ви го предлагаме е лежерна и женствена комбинација составена од едноставни тесни фармерки, кошула со принт и топол и долг џемпер. Доколку можете, комбинацијата надополнете ја со кафени чизми до глуждовите ако ви се соодветни за времето и секако, чантичка која ќе остави шик впечаток.
Комбинација: Fashion Group
Фармерки, кошула, џемпер: Mango
Чизми: Springfield
Чанта, обетки: Parfois
Модел: Соња Граждани
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка: Студио Инфинито