Тренд аларм: Маичка со натпис и сребрена јакничка

29 мај 2017

Конечно сонце и можност да се дотераме во најубавите комбинации на кои чекавме долго време. Она што денеска ви го предлагаме, а задолжително треба да го имате во вашиот плакар е едноставната маичка со интересен натпис која ќе можете да ја комбинирате со што сакате.

Ние оваа сезона ја носиме со едноставни тесни фармерки, во случајов црни, но тоа не значи дека не можете да ја комбинирате со шик здолништа и што и да посакате друго.

Наутро и навечер времето сѐ уште знае да биде малку свежо, па така без двоумење комбинацијата надополнете ја со оваа сребрена шик јакничка со патент која дефинитивно ќе биде највпечатлива во целиот стајлинг.

Ние ви предлагаме комбинацијата да ја крунисате со овие сандали на висока потпетица со црно – бел принт во кои дефинитивно вреди да вложите оваа сезона.

Стајлинг: Fashionel

Комбинации: Fashion Group

Маичка, фармерки, јакна, сандали: Mango

Модел: Фросина Блажеска

Модна агенција: Models In

Шминка и фризура: Елена Лука

Објавено:
29 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
637 пати