Тренд аларм: Моќен женски костим за посебни прилики

9 ноември 2018

Во месецот на машкото здравје, денешната фотографија од нашиот тренд аларм сакаме симболично да им ја посветиме на сите мажи и да ги потсетиме дека е важно да не го запоставуваат своето здравје.

Нашиот модел Софија Симоноска од модната агенција Моделс Ин носи шик костим составен од две парчиња кои можете да ги комбинирате и посебно.

Станува збор за палто со должина над колената со црно бел принт кое ние го комбиниравме со едноставни црни панталони кои се ѕвонасти во долниот дел.

За да ја разиграме целата комбинација, костимот го комбинираме со розови потпетици кои секогаш се добар избор.

Што се однесува до накитот, денешната комбинација ја надополнивме со впечатливи сребрени обетки кои се сосема доволни.

Со оваа фотографија сакаме да апелираме до сите мажи дека е од огромна и исклучителна важност навремено да одат на превентивни прегледи кои се целосно безболни и многу едноставни.

Комбинација: Fashion Group Macedonia

Палто, панталони, потпетици: Mango

Модел: Софија Симоноска

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Елена Лука   

Објавено:
9 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
778 пати